Некогаш Прилеп се гордееше не само екипите и публиката, ами и со терените. Особено тревнати и рамни беа теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ и теренот кај Градскиот базен. На овој вториов, кај Градскиот базен, настапуваше екипата ЗИК Прилеп, во регионалната лига, обично нарекувана Пелагониски фудбалски регион. Во 70 години од минатиот 20 век на тој терен сакаше да тренира и да игра секој клуб оти од стручни лица беше дотеран на највисоко ниво, како небаре Вембли во Лондон. Во тоа време за ЗИК Прилеп настапуваа одлични фудбалери, водени од соодветни тренери.
Подолу е фотографија од сезоната 1975/76,
Горе: Зоран Стојкоски (капитен), Петре Секулоски – Вукасо, Јанчески – Селото, Петре Ристески – Чало, Слободан Конески – Мигачо, Петар Чурлиноски,
долу: Јосе Тренкоски, Војче Карески, Орде Миленкоски, Слободан Кузманоски и Ангеле Ртоски. Од фотографијава отсутни се тренерите Гога Лашкоски-Чоче и Милан Пејаков – Пејак.
Дел од фудбалерите се покажаа одлични и во футсалот (малиот фудбал), како пример што е екипата Варошко Маало, каде за голман се прослави Петре Секулоски – Вукасо.