Шаховскиот клуб Прилеп предводен од интермајсторот Тони Кироски информира за привлечен меѓународен шаховски настан на 16 август (недела). Станува збор за Првиот турнир во забрзан/рапид шах во ресторанот „Медио петрол“во Кривогаштани. Организацијата е поддржана и од Општина Долнени со обезбеден ручек, кафе и пијалок. а има место до 80 шахисти. Всушност 80 е ограничениот, лимитиран број. Претставува меѓународен турнир и се очекува пријава како на домашни, така и на странски шахисти.Уписнината изнесува 500 денари, интермајстори и велемајстори нема да плаќаат, ослободени се од плаќање. Турнирот се состои од Швајцарски систем со 9 кола. Наградниот фонд изнесува 132.000 денари, а ќе бидат наградени вкупно 14 шахисти.
Пријавувањето е до 14 август (петок) на телефонскиот број 072 932 136 или на меил [email protected].
претходна објава