Шах

ПРИЛЕПЧАНИ УСПЕШНИ ВО БИТОЛА!

Во Ресторанот „Вавилон“ во Битола се одржа еднодневен Меѓународен шаховски турнир, организиран и од Шаховскиот клуб „Шах-шех“. Меѓу 106 учесници од две држави – Грција и Македонија, настапија и шахисти од Прилеп. Највисок пласман од нив има ВМ Звонко Станојоски – втор со 8,5 поени од 9 партии. Постигна 8 победи (против Грците ФМ Евангелија Сискоу и Лазарос Гимнопулос, како и со домашните ривали – Иван Петровски, Дејан Ѓорѓиески, Филип Михов,  ФМ Дејан Динев, ФМ Роберт Велески и Миле Трајковски), а реми изваде на една партија (со првиот ИМ Тони Лазов кој освои ист број поени како него – 8,5). На конечната табела 16-годишниот Никола Павлески е на високото 8. место со 6,5 поени, со 5 победи (Божидар Танчевски, Стефан Присаѓанец, Томица Брзовски, Енис Воца, ФМ Љубомир Илиќ), 3 реми (Ѓорѓи Карапетров, Гркинката ФМ Евангелија Сискоу, ИМ Тони Кироски), само 1 пораз (Миодраг Јазаџиевски). Павлески е најдобар меѓу учесниците до 18 години. Меѓу високопласираните прилепчани се уште: ФМ Роберт Велески на  9. место,  Дејан Ѓорѓиески на 12. и ИМ Тони Кироски на 15. место – сите со по 6 поени.

Главен судија на турнирот беше прилепчанецот Кире Николоски, ФИДЕ-арбитер.

Од категоријата

НА ВРВОТ ТРОЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ, А ПОД НИВ 78 ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!

Зоран Иге

ПУЛА: ВЕЛЕСКИ МЕЃУ РИВАЛИ ОД 32 ЗЕМЈИ!

Зоран Иге

(ВИДЕО) КАКО ВО ПЕТОКОТ СЕ БОРЕВ СО СВЕТСКИОТ ПРВАК

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе