Фудбал

(фото, резултати, стрелци) ВО ПРИЛЕП ПРЕСВРТ ОД СТОПЕРОТ!

Две спротивни полувремиња на мечот Ултрас – Питу Гули, од 8. коло на Третата фудбалска лига – Југ. Гостите поведоа со двата гола на напаѓачот Беким Алимоски (бивш член на Победа), во 8. и 31. минута. Но во второто полувреме се случи пресврт. Искусниот домашен стопер Игор Паноски (бивш член на Победа, Беласица, Брера, Воска…) се пресели во нападот и постигна два гола, во 58. и 89. минута, за конечни 2:2. Овој борбен меч го судеа Кирил Смоквоски, Дино Конески и Оливер Мирчески, делегат беше Димитрија Седлоски, контролор Жарко Димески.  

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО: Превалец – Обршани – , Росоман – Венец 2:1 (Марко Миловановиќ, Слободан Манев – Никола Вареловски), Младост – Слога 2:0 (Антонио Димоски, Дарко Чапкуноски), Бучин – Големо Коњари 0:4 (Борче Сркески, Мустафа Селманоски, Виктор Тошески, Илчо Митрески), Ултрас – Питу Гули 2;2 (Игор Паноски 2 – Беким Алимоски 2), Башкими – Дреново 2:0 (Зани Ахмедовски, Елфати Таировски), Влазними јуниор слободен

ТАБЕЛА: Големо Коњари 21, Башкими 15, Венец, Младост и Росоман 13, Превалец и Ултрас 11, Дреново и Питу Гули 9, Бучин 6, Слога 4, Влазними јуниор и Обршани 3.

СЛЕДНО 9. КОЛО (3 ноември во 13 часот): Влазними јуниор – Превалец, Питу Гули – Башкими, Големо Коњари – Ултрас, Слога – Бучин, Венец – Младост, Обршани – Росоман, Дреново слободно.

.

Од категоријата

НУЛА – ТРИ ДО 28. МИНУТА!

Зоран Иге

ЧЕТВРТИОТ ГОСТУВА ОД 13 ЧАСОТ!

Зоран Иге

(резултати, стрелци, табели)ПИОНЕРИТЕ НА ПОБЕДА СО 4 БОДА ОД СКОПЈЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе