Меѓународната соработка е нешто високо вреднувано секаде па и кај нашите спортски организации. Така и Фудбалската школа Тони (ФК Прилеп) од познатиот репрезентативец Тони Наумоски има договорено тридневно дружење со Фудбалска академија од Дубровник, Хрватска, каде тренер има Македонец од Велес, Љупче Стојков. Доаѓаат 25 фудбалерчиња со 50 нивни родители за во Прилеп да престојуваат на 12, 13 и 14 декември. Основната цел е дружење на двете академии на генерациите родени 2016 година, но има и одредено термини за одигрување на пријателски натпревари на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Во дружењето и целокупната програма ќе бидат вклучени и ФК Пелистер од Битола, ФШ Перак од Прилеп на познатиот тренер и професор Зоран Димоски – Перак и други. Сместувањето е најавено во хотелите „Фокус“ и „Салида“, а слободното време поминато уште во „Македонска куќа“, „Евро“ и на други места.
Напролет 2026 е предвидена нова тридневна дружба, но во – Дубровник.