Фудбал

ИЗМЕНА ВО ВТОРАТА ЛИГА: НАМЕСТО ДО 14 ФЕВРУАРИ, СИТЕ ЕСЕНСКИ МЕЧЕВИ ЌЕ СЕ ОДИГРААТ ДО 12 ДЕКЕМВРИ!

Поради лошите терени за време на обилните дождови се случија одложувањата на 7 мечеви од Втората лига на Македонија, но во ФФМ се одлучи наместо до 14 февруари, есенскиот дел да се доигра до 12 декември. Значи – есенската конечна табела ќе биде позната на 12 декември.

Одложените дуели ќе почнат со одигрување в среда, на 3 декември од 13 часот. Тогаш во Големо Коњари ќе се одигра Големо Коњари – Охрид, од 13.коло, како и во Тетово Тетекс – Кожуф (Гевгелија) од 14.коло.

На 6 декември, сабота, од 13 часот, ќе има два меча од 15. коло, во Гевгелија, Кожуф – Вардар (Неготино) и во Кочани Осогово – Новаци.

На 7 декември, недела,  од 13 часот, ќе се одиграат уште два меча од 15. коло, Големо Коњари – Тетекс (Тетово) и во Виница Слога – Охрид. За 12 декември, петок, од 13 часот, останува да се одигра последниот меч од 15. коло, во Радовиш Детонит – Скопје.

Најверојатно наскоро ќе се одреди датумот за старт на пролетниот дел од Втората лига.

Од категоријата

ПЕТ ГОЛА ВО ПРВОТО, САМО ЕДЕН ВО ВТОРОТО

Зоран Иге

 (фото) ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ СО МИРНИ МРЕЖИ, А ПРЕТХОДНО УБАВ ВОДЕЧКИ ГОЛ, ПА ИЗРАМНУВАЊЕ!

Зоран Иге

ПРВЕНСТВОТО ПОЧНУВА НА 17 СЕПТЕМВРИ, УЛТРАС Е НОВ ЧЛЕН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион