Фудбал

ПЕТ ГОЛА ВО ПРВОТО, САМО ЕДЕН ВО ВТОРОТО

Според очекувањата, Победа и по четвртпат (претходно двапати во првенствени, еднаш на пријателски меч) го совлада Братство од Житоше. Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп беше 6:0, во рамките на 21. коло од Втората лига – Исток. Домашниот тим силно тргна во првото полувреме и дури петпати ја затресе мрежата на немоќниот локален противник. Бојан Спиркоски беше стрелец во 4. 24. и 45. минута,  Атхе Мазари во 33. и 36. Се чинеше дека триумфот ќе биде двоцифрен во поглед на постигнатите голови, но во второто полувреме падна само уште еден гол, дело на Мазари во 73. минута. Ова е втора победа во серија пролетва на прилепскиот второлигаш, а трите бода значат продолжување на борбата за првото место, на кое се уште е виничка Слога со бод предност.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Братство 6:0, Слога – Детонит 2:1, Беласица – Локомотива 6:0, Саса – Осогово 2:0, Пехчево – Кожуф 1:0.

ИДНО 22. КОЛО: Локомотива – Победа, Братство – Слога, Осогово – Беласица, Саса – Пехчево, Детонит – Кожуф.

Од категоријата

ДЕНЕШНИВЕ РЕЗУЛТАТИ НОСАТ ИЛЈАДНИЦИ ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

НЕМА КОЈ ДА ГИ ПОБЕДИ, А ПАК НЕ СЕ СИГУРНИ НА ВРВОТ!

Зоран Иге

ДЕНЕШНИОТ Е ПОСЛЕДЕН ДЕН ПО ГРУПИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе