Три дена 78-ина дубровчани (поврзани со Фудбалската академија Конавле) беа гости на Фудбалската школа Тони во Прилеп, каде се приклучија уште школите Перак и Могила. Додека фудбалерчињата родени 2016 година меѓусебно играа пријателски меѓународни мечеви долу на теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“, а со нив беа стручните тренери што ги водеа, горе на трибината седеа и во улога на гледачи беа 50 родители на гостинските деца. Присуството на родителите од Дубровник го искористивме да разговараме со еден од нив, да го снимиме разговорот во аудио-верзија, па сега ќе го емитуваме од почетокот до крајот. Теми се: фудбалот, школата, работата со децата, Прилеп, Македонија, за хрватскиот фудбал, за Дубровник, за ГОШК Југ.
АУДИО (Иво Клаиќ)