Сите фудбалски рангови завршија со есенскиот дел и совреме се најави одмор. Но теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп секојдневно е зафатен со тренинзи. Според наши информации, индивидуално тренирале не само фудбалери на второлигашот Победа од Прилеп, ами и прилепчани, членови на клубови во други градови. Можеби за сите нив желбата прилепска е да успеат да се здружат, да се соберат во Победа, но… Останува да се види преодниот рок што ќе донесе, меѓу 15 јануари и 11 февруари. За Победа е важно и бргу да се пополне местото тренер, шеф на Стручниот штаб, по заминувањето на Филип Мирчески.
Индивидуалните тренинзи во недостаток на колективни се сега пред Нова година, а по неа, некаде по Божик, е времето за старт на редовните колективни подготовки на Победа, со оглед на одредениот пролетен старт на Втората лига од 21 февруари 2026.