Бараж-мечевите се кулминација. Во пинг-понгот се одигра бараж-дуел за место во Првата лига за мажи, во којшто Прилеп (втор од Втората лига) со 4:2 го совлада Телеком нец Скопје (претпоследен, деветти, од Првата лига), во Пингпонгарската сала во Прилеп. За Прилеп настапија мошне искусните: Александар Штаргоски – со две добиени партии, Бојан Базерковски – една загубена и една добиена партија и Мартин Калески – една загубена и една добиена партија. За екипата Телеком нец Скопје настапија уште поискусните: Оливер Донев – две загубени партии, Горан Матевски – една добиена и една загубена партија и Мирослав Симиќ – една добиена и една загубена партија. На дуелот се случи пресврт – првата партија ја доби Прилеп, потоа две партии им припаднаа на гостите, па следеа три со ред добиени партии за Прилеп, за конечни 4:2.
Во Првата лига на Македонија учесник е и Младост 96 2, покрај Прилеп, значи две прилепски екипи.