Фудбал

ПОБЕДА ПРИЛЕП: ПРЕТСТОЈАТ НОВОСТИ!

Штотуку заврши фудбалската сезона 2025/26, а во клубовите веќе се случуваат активности посветени на следната сезона 2026/27. Така и во најсаканиот клуб за прилепчаните, Фудбалскиот клуб Победа. Иако официјално ништо не е кажано, тоа не значи дека ништо не се планира и ништо не се презема. Напротив, како што дознаваме, се она што беше негативно во минатата сезона, кога клубот отпадна од Втората лига и сега е ранг подолу, во Третата лига, сето тоа негативното ќе се настојува да се поправи и клубот да биде онаков каков што го знае јавноста од најдобрите периоди во минатото, со добра организација, финансии, стручен и играчки кадар, услови за работа, терен, објект… На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ веќе се случуваат активности, активности коишто навестуваат дека веќе овој јуни ќе биде месец на реформи, пред и за време на Преодниот рок (15 јуни – 6 септември). Тоа значи да се поддржат сите што можат со своето знаење, искуство, труд, да придонесат за силна Победа, силна каква што ја знаат не само под Марковите Кули, ами и многу подалеку. Екипата Победа ќе биде учесник во Третата лига, но желбата е таа екипа Победа да се однесува како да е прволигаш, со финансии,врвно раководство, со квалитетен играчки и тренерски кадар, со редовни подготовки, тренинзи, натпревари коишто ќе привлечат публика. Реформата самата по себе се наметнува, ако се знае дека долги 13-14 месеци новите сопственици на клубот не беа моќни да ги исполнат очекувањата на прилепчаните. Затоа, се јавија доброволци коишто го одржуваа клубот, а за да тргне се во нагорна линија се спомнува дека уште повеќе ќе се вклучи и најзначајниот фактор – Општината, како и повеќе успешни компании.

Новости во врска со Победа сигурно ќе има, а вербата и надежта кај нејзините симпатизери е дека тие новости бргу ќе се случат и ќе бидат – позитивни.

 

Од категоријата

(резултати, состави, стрелци) ПРВ ТРИУМФ НА Г. КОЊАРИ И ТОА ПРОТИВ ЧЕТВРТИОТ, А ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА НЕ ИСКОРИСТИ ШАНСИ!

Зоран Иге

ПОДВИГ: ПОБЕДА БЕЗ РЕЗЕРВИ ПОБЕДИ ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) СМЕНА НА ВРВОТ ВО Б-ГРУПАТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион