Обично кога се постигнува успех се задржува играчкиот кадар и за следното првенство, но во Прилеп е поинаку. Екипата Вондеркидс (од Фудбалската школа Вондеркидс) освои прво место во ФФМ Пелагониската лига за возрасната категорија 2011/2012. Затоа во Фудбалската федерација на Македонија доделен е шампионскиот пехар за оваа лига од страна на Ѓорѓи Христов, легендарниот македонски репрезентативец. Пехарот го прими капитенот од прилепскиот тим, Христијан Ристески. Заслужни се сите во клубот, почнувајќи од играчите, а ги наведуваме сите од пролетниов дел – Константин Милески, Наум Ацески, Димитар Спиркоски, Давор Божиноски, Марко Димески, Теодор Тодороски, Теодор Стојаноски, Стефан Колонџоски, Јованче Столески, Антонио Стризлоски, Бојан Костадиноски, Јоаким Сливоски, Даријан Чорбески, Михаил Ристески, Димитар Томески, Јован Китаноски, Михаил Јанчески, Матеј Пуличоски, Петар Папучкоски и Георгиј Петроски. Најдобар стрелец со 37 гола од 14 меча е Теодор Стојаноски, придонесот секако е и на стручниот кадар, тренерите Стевче Талески,Филип Стомнароски, Жарко Димески, Филип Мирчески и Златко Петрески.

– До целта се стигна со посветена работа и голема дисциплина. Имаме вкупно 100 деца во 7 возрасни групи, а 2011/12 е највозрасна и најуспешна. Билансот е ниеден пораз во цело првенство, само 1 нерешен меч и 15 победи, со гол-разлика 115:5. Одлична генерација, но не сме во можност да го задржиме играчкиот кадар, бидејќи петмина ни зема Њу старс од Скопје, четворица Вардар од Скопје, еден Брера од Струмица – вели Стевче Талески, тренерот.
Тренинзите се до 10 јуни, а потоа пауза до 1 јули.