Ги следиме настапите во странство на нашите спортисти, меѓу нив и на 19-годишниот суперталентиран прилепчанец Салим Арифи, поранешниот фудбалер на Победа. Тој во Косово со екипата Митровица го освои првото место во конкуренција на 18 екипи. Арифи го постигна победоносниот гол на најважното дерби, Митровица – Влазнија 1-0. Всушност, вредноста негова е оти тој беше „експлозивен“ преку цела сезона иако на располагање имаше нецели натпревари, а постигна вкупно 23 гола, покрај 7 асистенции. Едноставно – на натпреварите не беше секогаш стартер или ако стартуваше одигруваше по половина, а и пак максимално го користеше времето за да биде рекордер во постигнување голови во лигата и во сите лиги на таа возраст. Сето тоа издание во овој клуб придонесе за привлекување на вниманието и од селекторот на Младата репрезентација на Македонија до 20 години, Александар Таневски. Тој го повика за настап во дресот на Македонија против суператрактивниот противник САД, на пријателскиот меч во Петрич (Бугарија) в понеделник.

Еве како радосно е примена оваа вест во клубот Митровица
-Гордост на ФК Митровица! Со огромно задоволство и гордост објавуваме дека нашиот фудбалер Салим Арифи доби официјална покана од Македонската У20 репрезентација за пријателските натпревари во јуни. Ова е несекојдневна благодарност за работата, посветеноста и талентот на Салими, кој со своите настапи докажа високи квалитети и достоинствено ги претстави. Салими ќе биде дел од репрезентацијата на У20 и ќе учествува на пријателскиот меч против САД У20, кој ќе се одржи на 8 јуни во Петрич, Бугарија. На Салими му посакуваме многу среќа во ова важно меѓународно искуство и уверени сме дека ќе продолжи да не прави нас горди со своите настапи. Честитки Салим!-пишуваат од ФК Митровица.