Претстојниов викенд е 2. рунда од Третата лига – Југ. Сите мечеви се играат в недела од 16 часот, освен еден, тој што е во Прилеп, на Игралиштето со вештачка трева. Станува збор за дуелот Ултрас – Бучин, чиј термин е в сабота од 16 часот. Поместувањето е на барање на клубот од Бучин, поради тоа што сите жители на ова место токму в недела се посветени на празнувањето на големиот верски православен празник Мала Богородица.
Во лигата учествуваат 13 тима, бидејќи се откажа Слога од Лажани, така што во секое коло ќе има по еден слободен. Еве го распоредот за следново 2. коло:
Ултрас – Бучин (в сабота од 16 часот), Млекар – Тополка, Борец – Влазними јуниор, Венец – Росоман, Башкими Ј. – Младост, Превалец – Питу Гули (в недела од 16 часот), а Дреново е слободно.
ТАБЕЛА
МОЛБА ЗА ПОМОШ!!!
