Веќе четири дена првиот тим од клубот Мега баскет одржува тренинзи во салата на ООУ „Добре Јованоски“во Прилеп, подготовки за претстојното првенство од Втората кошаркарска лига на Македонија. Со кошаркарите работат двајца тренери – прилепчанецот Сашо Костоски и битолчанецот Благој Печалов. Играчкиот кадар е надополнет со дојдени од Битола, Струга и Гостивар, бидејќи од досегашните кошаркари дел заминале на студии во други градови, дури и во странство, некои се повредени и не може на нив да се смета. Според планот на подготовките, освен тренинзи ќе има и пријателски мечеви, учество на меѓународен турнир во Грција, се до 18 октомври кога е првенствениот старт.
Работата со младинскиот тим од клубот во тек е веќе триесетина дена.
МОЛБА ЗА ИТНА ПОМОШ!!!
