Кошарка

ТЕШКО Е НА ТРИБИНА КОГА СОИГРАЧИТЕ СЕ НА ТЕРЕНОТ ВО ПРИЛЕП!

Веќе четири меча во екипата Мега баскет го нема капитенот Стефан Стевананџија. Последен пат одигра во Скопје, против домашното Водно, дуел карактеристичен по пресвртот од плус 20 до минус 13 на крајот. Болеше поразот, но уште повеќе повредата.

– Повредата се случи уште во втората четвртина. Одев на двочекор, бевме во бонус, отстрана ме турна некој малку, ме измести во тежиштето, телото ми замина налево – ногата надесно и почувствував моментална болка. Не изгледаше нешто посебно, но потоа отече. Утредента се снимив и јасно беше се. Се покажа дека е скинат преден вкрстен лигамент и лезија на рскавица на коска латерал. Тоа е на левото колено – појаснува Стевананџија.

Спортска повреда за која е предвиден оперативен зафат. Во овој период, откако се почека да се смири коленото, да спадне отокот, по уште некои испитувања, операцијата најверојатно ќе следи во јануари. Доколку биде се успешно, седум-осум месеци потоа ќе биде враќањето на паркетот. Тоа значи за следното првенство. До тогаш капитенот треба да издржи, наместо играч да биде гледач од трибината.

– Да сум гледач, тоа е најтешко. Премногу ми е криво и не можам да издржам на трибина кога сум. Сакам да влезам да играм, а не можам. Но, за среќа, имаме супер екипа. Индивидуално гледано сметам дека сме во топ две екипи во лигата. Можеме на сите да им парираме. Игрите и резултативе тоа го покажуваат. Во последниве неколку меча, освен поразот во Бутел, сметам дека одлично одигра екипава. Добро се држат соиграчиве и така треба да продолжат – порачува Стефан Стевананџија.

Во борбата за висок пласман, по победата над силниот Борец, следи гостување на Мега баскет кај Охрид, па дома со Маџари.

Од категоријата

ПРИЛЕП: ПЛАН ЗА ДВЕ-ТРИ ЗАСИЛУВАЊА!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА РАБОТНИЧКИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ПРВАЦИ, ИМ ПРЕТСТОИ БАРАЖ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе