Голманот од Прилеп, 24-годишниот Антонио Столевски денеска одбрани 4 пенали за Шкендија Арачиново, на бараж-мечот во Кавадарци, за влез во Првата лига, против битолски Пелистер. Првиот пенал го одбрани во основниот дел од мечот, којшто заврши нерешено 1:1 (стрелци Зани Назифи во 54. и Петар Петковски во судиското надополнување), а потоа уште 3 пенали одбрани во пенал-серијата. Тогаш всушност еден пенал не му признаа, бидејќи судиите оценија дека предвреме истрчал од гол-линијата, така што тој пенал беше повторен и Пелистер постигна гол. Конечниот резултат е 7:6 за Шкендија Арачиново.
Од познатите играчи за Шкендија Арачиново настапи и прилепчанецот 32-годишниот Николче Шаркоски, кој постигна гол во пенал-серијата.
На вториот бараж-меч во Битола, Брера Струмица – Скопје 0:1 со голот на Душко Трајчевски на две минути пред крајот.