Секој успех од прилепските спортисти е добредојден, особено ако е на меѓународен натпревар. Најнов е успехот на џудистот Марко Димитријоски, членот на Џудо клубот „Пролетер“ од Прилеп. Тој го освои третото место и бронзениот медал на Европскиот џудо-куп за кадети до 16 години во Ѓер, Унгарија. Како Што се вели „крушата под круша паѓа“, така што овој медал не е изненадување ако се знае дека истото презиме го има и легендарниот џудо-тренер Славе Димитријоски, кого го гледаме на втората фотографија.
Џудото е спорт со долга историја во Прилеп, а очигледно има и успешна сегашност.
