Имавме верба во квалитетите на прилепскиот тим Младост 96, а тоа токму денеска е оправдано, на реваншот од полуфиналето за Плејофот на Супер лигата во пинг-понг, Шампион ФА Штип – Младост 96 Прилеп 0:4. Голема победа на гостинскиот состав од Прилеп, така што вратено е со камата на вчерашниот резултат на првиот полуфинален меч во Прилеп, Младост 96 Прилеп – Шампион ФА Штип 2:4, во салата од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Еве ги поединечните резултати од денешниот меч во салата од СОУ „Димитар Мирасчиев“ во Штип:
Амелија Николов – Ѓоко Јочкоски 1:3 (11:7, 4:11, 5:11, 9:11), Драган Ѓорѓевиќ –Ѓорѓе Борчиќ 1:3 (6:11, 11:9, 6:11, 9:11), Филип Младеновски – Андреј Лашкоски 1:3 (5:11, 5:11, 11:3, 9:11), Амелија Николов – Ѓорѓе Борчиќ 0:3 (8:11, 6:11, 2:11).
– Нашата екипа одигра одлично, го даде максимумот од почетокот до крајот на дуелот. Сега имаме реални шанси за пласман во финалето – изјави клупскиот потпретседател Златко Рикалоски.
По овој резултат (нерешено 1:1 во добиени мечеви), ќе се игра таканаречена „мајсторка“, трет меч. Закажан е за 29 мај, петок, од 12 часот, во салата од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп.

