Првото пролетно (вкупно 10. коло) од Супер лигата на Македонија во пинг-понг за мажи, покажа дека прилепскиот тим Младост 96 е силен и со некомплетен состав. Доволни беа само тројцата играчи, Антонио Стомнароски (1 победа), Андреј Лашкоски (2 победи) и Нико Доага (1 победа) за максимален резултат од 4:0 врз Радовиш. За следните мечеви кај тренерот Гоце Тошески, повратник од Шведска, на располагање се уште Србите Влада Борчиќ и Ѓорѓе Борчиќ, како и повратникот од САД Петар Костовски.
Вториот прилепски суперлигаш, Младост, со 1:4 загуби од штипскиот Шампион ФА. Единствената партија за Младост ја доби Србинот Душан Анѓеловиќ, а играа уште тренерот/играч Зоран Јованоски и Александар Рикалоски.
РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО: Вардар – Крива Паланка 1:4, Младост – Шампион ФА 1:4, Берово – Пелагонија 0:4, Телеком нец 2 – Астраион 4:3, Радовиш – Младост 96 0:4.
ТАБЕЛА: Младост 96 – 20, Крива Паланка и Телеком нец 2 по 18, Шампион ФА 17, Астраион 16, Пелагонија 14, Радовиш и Вардар 13, Берово 11, Младост 8.
СЛЕДНИ КОЛА ЗА 9 МАРТ:
11. КОЛО: Радовиш – Вардар, Младост 96 – Телеком нец 2, Астраион – Берово, Пелагонија – Младост, Шампион ФА – Крива Паланка. 12. КОЛО: Вардар – Шампион ФА, Крива Паланка – Пелагонија, Младост – Астраион, Берово – Младост 96, Телеком нец 2 – Радовиш.