По серијата од четири меча без пораз (дома со Детонит, Брегалница и Македонија ЃП, на гости со Борец) прилепската екипа Победа денеска минимално (1:0) е поразена од Арсими во Гостивар. Стрелец на единствениот гол е Аљбин Рамадани во 58. минута.
Иако спроти себе го имаше фаворитот, домашниот Арсими, четвртиот на табелата, Победа даде силен отпор. Одбраната мошне добра, на чело со голманот Иван Николоски кој ја сочува мрежата, а во тој период додека резултатот беше 0:0, најубавата шанса ја имаше Димитар Шаркоски, но ударот беше покрај дирекот.
И од овој меч имаме фотографии што ни ги испрати службениот претставник на Победа, Рубин Алексоски. На две од нив е големиот навивач на Победа, 83-годишниот Стојче Ристоски од Брвеница, Тетовско.
АРСИМИ: Ислами, Радуловиќ-Величковиќ (46. Дардишта), Авдули, Мустафа (55. Таили), Цуцули, Асани, Реџепи (60. Јусуф), Гафури, Рамадани, Алити, Белули (81. Саќипи). Тренер: Љабинот Муслиу.
ПОБЕДА: И. Николоски, М. Талески, Ивчески, Казимоски (84. С. П. Спиркоски), А. Петрески (74. Арифи), Љумовиќ, Д. Шаркоски (60. Крајоски), Ќерими (60. Д. Н. Паскоски), Ф. Димоски, Кофиловски, П. Петроски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
РЕЗУЛТАТИ ОД 19. КОЛО: Арсими – Победа 1:0, Охрид – Вардар Н. 1:0, Беласица – Башкими 1:2, Македонија ЃП – Новаци 4:0, Борец – Саса 2:1, Брегалница – Вардарски 2:0, Детонит – Осогово 0:1, Кожуф – Скопје 0:1.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 44, Башкими 42, Брегалница 40, Арсими 36, Саса и Охрид 31, Детонит 29, Скопје 29, Кожуф 27, Беласица 22, Победа 21, Новаци и Вардар Н. 20, Осогово 13, Борец 10, Вардарски 5.
СЛЕДНО 20. КОЛО (8 март во 14 часот): Победа – Беласица, Вардар Н. – Кожуф, Скопје – Детонит, Осогово – Брегалница, Вардарски – Борец, Саса – Македонија ЃП, Новаци – Арсими, Башкими – Охрид.