Уште еден одличен настап на фидемајсторот Роберт Велески, овојпат на Меѓународниот турнир во брз шах „Карпош 2025“ во Скопје. Прилепчанецот имаше стартна позиција на 26. место, но со биланс од само 2 пораза (од ВМ Петар Арнаудов од Бугарија и од ВМ Денис Кадриќ од Црна Гора), едно реми (со Мухамет Аслани од Косово), а со 6 победи (против Бојан Новевски од Србија, Љупчо Попаѓоски, Ненад Баткоски, Рилинд Мена, ИМ Атанас Кизов од Македонија и највреданата со ВМ Кирил Георгиев од Бугарија), се искачи до 12. место на конечната табела со 6,5 поени.
Во конкуренција на 153 учесници од Македонија, Бугарија, Германија, Косово, Црна Гора и Србија, победник е ВМ Денис Кадриќ од Црна Гора со 8 поени.