Во Скопје, во хотелот „Континентал“, за два дена се одржаа два меѓународни брзопотезни турнира – Блиц и Рапид, во чест на одбележувањето 50 години од клубот „Алкалоид“. На првиот турнир учествуваа 153, на вториот 196 шахисти, од 10 држави – Македонија, Албанија, Бугарија, Чешка, Данска, Грција, Косово, Србија, Украина и Германија.
Учествуваа и прилепчани, со добар успех. На првиот турнир, по 13 рунди, победи ИМ Никола Николовски од Скопје со 11 поени, а од прилепчаните највисоко се: ВМ Звонко Станојоски на 9. место со 9 поени, ФМ Славе Трајкоски е 64. со 7, ФМ Роберт Велески 70. со 6,5, а вреди и 17-годишниот Никола Павлески на 72. со 6,5 поени.
На вториот турнир, по 11 рунди, победник е ВМ Кирил Георгиев (Бугарија) со 9 поени, а од прилепчаните највисоко се: Дејан Ѓорѓиески на 31. место со 7, ВМ Звонко Станојоски на 32. со 7, ФМ Роберт Велески на 34. со 7, а најмладиот, 17-годишен Никола Павлески на 59. со 6.
И меѓу судиите имаше прилепчанец – Кире Николоски.