Не се стивнати реакциите по ремек-делото на 19-годишниот Стефан Наскоски од Победа, којшто во саботата даде гол со „ножички“ во Виница против домашната Слога, во сениорската Втора лига на Македонија, а низ разговорите на фудбалските симпатизери веќе тема е и 15-годишниот Марко Димески. Тој во неделата даде гол со „ножички“ за екипата Вондеркидс од Прилеп, против кичевски Напредок, во рамките на Пелагониската лига за пионери петлиња. Марко Димески игра на повеќе позиции, во средниот ред и во одбраната, најчесто е стопер, но мајстор е и за постигнување голови. Затоа е во интересот на големите клубови од државава, така што многу блиску е до трансфер во струмичката Брера, за којашто има настапено на турнир во Бугарија.
Во Вондеркидс на едно место насобрани се талентите, така што на табелата овој тим е прво место со 34 бода, пред битолски Пелистер со 28.
Подолу е видеото со голот на Марко Димески,
ВИДЕО