Шах

ПРИЛЕП ГО ДОБИ ВТОРОТО ДЕРБИ

Екипата на Прилеп со 3,5:2,5 го совлада скопски Гамбит, на дербито од  5. коло на Државното екипно првенство во шах, во Струга. Ова е второ дерби на прилепскиот тим, по завчерашното со шампионот, скопски Алкалоид, загубено со 4:2. Победата над Гамбит се должи на тоа што никој од прилепскиот состав не загуби. Ремизираа ВМ Никола Седлак, ВМ Мирослав Миљковиќ, ИМ Дејан Стојановски, ИМ Тони Кироски и ФМ Славе Трајкоски, додека на првата табла победи ВМ Бобан Богосављевиќ. Сега, на табелата Прилеп е втор со 8 бода, веднаш под Алкалоид со 10.

На денешното 6. коло од 16 часот, Прилеп е фаворит против Фишер од Куманово.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ ВТОР МЕЃУ 173 УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

ВЕЛЕСКИ ПОДОБАР ОД 60 КОНКУРЕНТИ НА ПРВЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА!

Зоран Иге

НА СТРАШНО СИЛНОТО ЕВРОПСКО ИМА И ПРИЛЕПЧАНЕЦ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе