Во Рабац (Хрватска) се одржа Европското шаховско првенство за ветерани. Во категоријата над 50 години учествуваа 54 шахисти од 29 држави. Претставник на Македонија беше фидемајсторот Роберт Велески од Прилеп. На одиграни 9 партии освои 4 поени, за 35. место. Забележа 3 порази (од ИМ Уфе Винтер-Шоу од Данска, ИМ Фабрицио Белиа од Италија и од ФМ Повилас Ласинскас од Литванија), 4 ремија (со ФМ Арнолд Хундорф од Германија, ФМ Џон Деланеј од Ирска, Томаш Делега од Полска и со Лудо Толхуизен од Холандија) и 2 победи (со Хуснија Шариќ од Хрватска и ВМ Јозеф Омс Палисе од Шпанија).
Победник е ВМ Жан-Марк Дегрејв од Франција со 7 поени.
Во категоријата над 65 години ФМ Љубомир Хаџи-Манев од Радовиш со 4,5 поени е на 51. место, а во групата жени над 65 години Германката ФМ Мира Киерцек, родена во Македонија, со 3,5 поени е на 5. место.