Многу позитивни новости во последно време се поврзани со Големо Коњари. Од клубот, фудбалски второлигаш, информираат дека во текот на утрешниот ден (среда) на нивното игралиште ќе биде гостин Младата репрезентација на Ерменија до 21 година. Тука од 16.30 часот таа е планирано да го одржи тренингот спроти мечот в петок во Битола, против репрезентацијата на Македонија. Ова е голем настан, како за Големо Коњари, така и за прилепскиот регион познат по фудбалот.
– Голема чест и голема радост за нашиот клуб и нашето место. Обезбедивме се што е побарано од нас. Сите потребни услови ќе ги има репрезентацијата на Ерменија – ни рече Тони Даноски, претседател на ФК Големо Коњари.
Дуелот Македонија – Ерменија е во рамките на 3. коло од квалификациите за Европското првенство 2027.