Неизвесни мечеви во Општинската квалитетна лига при ОФС Прилеп. Домашниот терен не е некоја предност, слично како во големите фудбалски земји. Во рамките на 4. рунда, дури 3 меча добија гостите, 1 заврши нерешено, а само 1 им припадна на домашните.
РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ 4. КОЛО: Братство ГК – Црвена ѕвезда С. 1:3 (Петар Боболески – Васко Попоски, Филип Ачкоски, Душко Аврамоски), Динамо М. – Стрела Е. 1:2 (Кирил Брсакоски – Николче Марковски 2), Козара З. – Гарван Д. 0:0, Кадица З. – Кадино 3:0 (службено поради недоволен број гостински играчи).
ТАБЕЛА: Кадица 12, Стрела 9, Гарван 5, Ц. Ѕвезда С. и Козара З. по 4, Кадино и Динамо М. по 3, Братство ГК 0.
СЛЕДНО 5. КОЛО: Кадино – Братство ГК, Гарван Д. – Кадица З., Стрела Е. – Козара З., Ц. Ѕвезда С. – Динамо М.