И во Третата лига – Југ има поместување – наместо в недела на 19 октомври, в четврток на 23 октомври во 14 часот е следното 6. коло. Денот е одбран поради тоа што е државен празник – Денот на македонската револуционерна борба. Тогаш треба да се одигра дербито Ултрас – Борец, на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Други дуели за в четврток: Млекар – Венец, Башкими – Тополка, Дреново – Влазними ј., Превалец – Росоман, Питу Гули – Бучин, а Младост К. слободен.
ТАБЕЛА: Борец 12, Росоман 11, Превалец, П. Гули, Ултрас и Влазними ј. 10, Башкими и Бучин 5, Венец 4, Младост 3, Млекар, Дреново и Тополка 1.