Фудбал

(фото) ФУДБАЛЕР НА ЊУКАСЛ КАКО ТРЕНЕР СЕ ПОЈАВИ ВО ПРИЛЕП!

Доброупатените во англискиот фудбал и во случувањата во Премиер-лигата секако слушнале за Дени Гатри, некогашниот член на Њукасл, Ридинг, Фулам и Блекбурн. Токму тој денеска дојде во Прилеп, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“каде раководеше со кампот организиран од Агенцијата ТФА од Дубаи (Обединети Арапски Емирати) која неодамна потпиша договор за соработка со Фудбалскиот клуб Победа.

Денеска кампот почна во 9, 30 часот претпладне и се одвиваше во неколку фази за да се проверат можностите на триесетина надежни фудбалери од цела Македонија. Прво беа поделени во три групи во три круга, па одиграа меч на половина терен, па на цел терен. По пауза од половина час, околу пладне продолжи кампот, чии активности ги проследија стотина гледачи на трибината од стадионот. Меѓу присутните фудбалери денеска гледачите познаа неколкумина, како Горан Димоски, Стефан Спиркоски, Бојан Ивчески, Салим Арифи (дава гол на фотографијата), Мартин Талески… По сето ова со нетрпение се очекуваше кои млади играчи ќе бидат одбрани за да добијат шанса за конкурирање во некој од клубовите во Обединетите Арапски Емирати. Дознаваме дека прв што бил избран е Бојан Ивчески, познат како лев страничен играч на Победа. 

 

Според договорот, можноста е за вкупно четири кампа во текот на една година.

 

Од категоријата

НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ПЕТНАЕСЕТ ГОЛА ЗА ПОЧЕТОК!

Зоран Иге

(фото) САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“ ПУШТЕНА СО ДЕВЕТ ГОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе