Дознаваме дека се почести се состаноците на новиот Управен одбор во Фудбалскиот клуб Победа. Иако нема официјални клупски известувања, според наши сознанија има неколку битни теми кои се приоритетни. Пред се интересно е тоа што деновиве што се пред нас се за утврдување на буџетот за следното второлигашко првенство, буџет со кој ќе се подигне квалитетот со доведување нови играчи на дефицитарни позиции или за зголемување на конкуренцијата, како и за задржување на првотимците што задоволиле досега со својот квалитет. За очекување е и буџетот да овозможи подобрување на условите за сите во клубот, овозможување на борба за висок пласман, а не само за опстанок како што беше во последните сезони.
По последниот меч за Купот во неделата, следи летен одмор кој ќе трае околу еден месец.