Импресиите се уште се силни за првото издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Лимонада куп“во Прилеп, за фудбалери родени 2011 година, со учество на три тима од Македонија и еден од Грција. Затоа цело време едно до друго се вееја македонското и грлкото знаме на игралиштето со вештачка трева, каде, во еден ден се одиграа шест меча, за кои едногласна е оценката дека беа сите до еден толку рамноправни, што секој секого можеше да победи. И резултатите тесни тоа го покажуваат, Вондеркидс – Пелистер 1:1, ПАС Флорина – Вардар 1:3, Вондеркидс – ПАС Флорина 1:1, Вардар – Пелистер 0:1, Пелистер – ПАС Флорина 1:0, Вондреркидс – Вардар 0:2. На крајот без оглед на конечната табела (Пелистер 7, Вардар 6, Вондеркидс 2, ПАС Флорина 1), ракувања, фер-плеј, дружења, меѓусебни честитки на сите учесници, заеднички фотографии, пофалби за организацијата на највисоко ниво од иницијаторот – Фудбалската школа „Вондеркидс“ и за покровителството – компанијата „Касни-порасни“.


Уште нешто остава печат – судењето за кое најпофални зборови дека било на европско ниво имаат сите претставници и тренери на екипите, Стевче Талески, Жарко Димески, Филип Мирчески (Вондеркидс), Драган Димитровски (Пелистер), Дејан Цветковски (Вардар), Симе Бендевски и Нико Василиу (ПАС Флорина). Никакво изненадување ако се знае дека шесте врвни судии доаѓаат од ОФС Прилеп: Горан Спиркоски, Зоран Костоски, Душко Стоисављевиќ, Иле Мишески, Илчо Јорданоски и Димитар Здравески.



Ова е на некој начин продолжување на македонско-грчката соработка, бидејќи екипата Вондеркидс претходно има учествувано на турнири во Лерин.



