Во саботата, против Новаци, во 16.коло од Втората лига, екипата Победа имаше на располагање 15 фудбалери на возраст меѓу 16 и 19 години. За в сабота, со Саса во Каменица, прилепскиот тим ќе биде поброен, ако се земе предвид дека има информација оти уште седуммина биле пререгистрирани и имале право на настап. Успеавме да ги дознаеме имињата и презимињата на поискусните Давид Дебрешлиоски и Марио Тасески, уште помладите Марко Николоски, Бојан Смилески, Роберт Аризанкоски и Стефан Наскоски. На располагање се и сите членови на младинската и кадетската екипа, а тренер кој секогаш е со нив е Кирил Овезоски.
Екипата тренира секој ден на теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. ,