Иако конечниот резултат е висок и победникот на мечот се претпоставуваше уште на полувремето, сета публика на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп остана до крајот да го догледа дуелот со долга историја Победа – Беласица, дуел кој пред 47 години привлече рекордни околу 15 илјади гледачи. А и денеска имаше што да се види и од победникот и од поразениот. Победникот (Беласица), тим поискусен, успеа уште во првиот дел да поведе со 0:2, па во вториот со уште 3 гола да заокружи вкупен триумф од 0:5. А и поразениот (Победа), тим од кадети и младинци, настапи офанзивно, создаде шанси, дури и на безмалку празен гол, кога се чинеше дека мрежата гостинска ќе се затресе сигурно, но топката прво ја одби голманот Спаско Ахтаров, потоа во завршниот удар помина покрај дирекот. Одлична асистенција на капитенот Кристи Крајоски до опасниот шпиц Бојан Смилески. Се на се, три бода за екипата којашто има за цел без бараж да се спаси, да остане во Втората лига на Македонија, а не беше незадоволна и домашната публика која врз основа на играта верува во овие „деца“ на Победа, верува во иднината на клубот.


РЕЗУЛТАТИ 24. КОЛО: Брегалница Ш. – Големо Коњари 6:1, Победа – Беласица 0:5, Вардар Н. – Детонит 0:3, Кожуф – Слога В. 5:2, Осогово – Шкендија А. 1:1, Тетекс – Преспа 2:0, Саса – Охрид 1:1 и Новаци – Скопје 0:1.

ТАБЕЛА:
Брегалница Ш. 55
Охрид 53
Скопје 53
Шкендија А. 53
Беласица 48
Детонит 44
Осогово 44
Новаци 40
Кожуф 35
Тетекс 33
Саса 29
Вардар Н. 18
Преспа 12
Слога В. 11
Победа 11
Големо Коњари 7.

СЛЕДНО 25. КОЛО (сабота, 18 април, 15.30 ч.): Шкендија А. – Победа, Осогово – Тетекс, Беласица – Кожуф, Слога В. – Вардар Н., Детонит – Брегалница Ш., Скопје – Саса, Охрид – Преспа. В недела, 19 април, 15.30 ч.: Големо Коњари – Новаци.