Ретко се случуваат спортски настани во понеделник, но еве баш денеска, понеделник, 13 април, има дуели од 21. коло на Третата фудбалска лига – Југ. Од нив за прилепчаните интересен е мечот на игралиштето со вештачка трева кај населбата „Типски куќи“ во Прилеп, Ултрас (Прилеп) – Млекар (Мало Коњари, Прилепско), што може да се смета за дерби меѓу екипи од ОФС Прилеп, на екипи со свои амбиции – домашната да атакува на третата позиција, гостинската да се приближи до погорно место од табелата. Затоа се очекува и многубројна публика околу игралиштето.
ДЕНЕШНО 21. КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 13 АПРИЛ, 15 ЧАСОТ):
Ултрас – Млекар, Венец – Башкими, Тополка – Превалец, Влазними ј. – Питу Гули, Бучин – Младост.
ТАБЕЛА
Борец 52
Превалец 46
Венец 40
Ултрас 35
Питу Гули 32
Башкими 27
Росоман 24
Млекар 16
Бучин 15
Младост 15
Тополка 14
Влазними ј. 14
Дреново 1
Слога 0.