Најубаво е во секој извештај да доминираат детали за шанси, голови, , одбрани и секакви други мајстории во играта, но и овојпат мораме да почнеме со она што е најважното воопшто во животот – здравјето. Според информации од домашниот клуб Ултрас, се е во најдобар ред со 21-годишниот голман Методиј Наумоски. Тој на крајот од полувремето падна на теренот и му беше укажана медицинска помош од стручните лица, како и од сите што беа тука во тие моменти, а потоа со возило на Брза помош беше пренесен во прилепската болница. При напуштањето на теренот од игралиштето со вештачка трева во Прилеп, сите играчи, тренери, претставници од двата клуба и присутни гледачи со силни аплаузи му дадоа поддршка на младиот голман. Најновата и најважна вест е дека тој е добар со здравјето.



Што се однесува до играта, токму голманот Методиј Наумоски одлично интервенираше неколкупати и не дозволи гостите да го откријат резултатот во првиот дел. Во второто полувреме беше заменет од 51-годишниот Дарко Трајкоски. И тој во второто полувреме си ја заврши задачата, така што домашната мрежа не дозволи да се затресе. Беше голема борба, мошне добар фудбал, а шанси имаа и домашните, но и на гостинската страна имаа одлична одбрана, предводена од несовладливиот 30-годишен голман Кире Димоски. На крајот 0:0, резултат за радост кај екипата Млекар, екипа којашто освои бод на гостувањето на ривалот којшто е при врвот од табелата.

РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ:




ТАБЕЛА:
Борец 52
Превалец 49
Венец 43
Ултрас 36
Питу Гули 32
Башкими 27
Росоман 24
Бучин 18
Млекар 17
Влазними ј. 17
Младост 15
Тополка 14
Дреново 1
Слога 0.
СЛЕДНО 22. КОЛО (недела, 19 април, 16 часот): Млекар – Бучин, Младост – Росоман, Питу Гули – Тополка, Превалец – Борец, Башкими – Ултрас.