Вчера иако не играше прилепска Победа, близу 500 гледачи беа присутни на трибината од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп за време на пријателскиот меѓународен дуел Брера (Струмица) – Фав АЦ (Виена, Австрија). Присуството беше пред се со цел за меѓусебна комуникација и размена на информации во врска со најсаканиот клуб – Победа, но исто така и за обраќање кон јавноста, онака најискрено, со емоции и зборови како што може да излезат само од устите на луѓе на коишто при срце им е прилепскиот клуб.
Во оваа прилика ги објавуваме обраќањата на двајца познати за јавноста симпатизери на Победа – Дејви Спиркоски и Роберт Паноски.
ВИДЕО