Истакнатиот некогашен фудбалски репрезентативец на Македонија, Илчо Наумоски е прилепчанец кој ретко го гледаме во Прилеп, бидејќи од 1991 година е во Виена, Австрија, а вчера првпат ја искористивме можноста за разговор со него. Тој во улога на тренер на австрискиот клуб Фав АЦ беше во Прилеп, каде одигра пријателски меѓународен меч со Брера од Струмица. Илчо Наумоски е човек за кого многу се знае оти долги години беше репрезентативец на Македонија и одигра во познати клубови, како Малатијаспор, Катанија, Интер Баку, Матерсбург, но во нашиот разговор открива некои непознати детали, а со многу емоции зборува при секое спомнување на Македонија, Прилеп и Победа.
ВИДЕО