На неутрален терен во Прилеп, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ се одигра меѓународен пријателски меч, Брера (Струмица) – Фав АЦ (Виена, Австрија). Гостите беа поуспешни за еден гол, па резултатот е 0:1. Стрелец: Бени Шминцериоп во 89. минута.

Беше добар натпревар, којшто го проследија околу 500 прилепчани, „гладни“ за фудбал и со знаме од Победа. Имаше одлично судење од прилепчаните Кирил Смоквоски, Иле Мишески и Борис Трајков, а прилепчани имаше и меѓу играчите – Андреј Аризанкоски (Брера), кај тренерите Илчо Наумоски (Фав АЦ).

БРЕРА: Вргов, Ивановски, Антовски, Мицевски, Стоилески, Луковиќ, Драме, Аризанкоски, Величковски, Макиќ, Михаилов. Играа уште: Трајков, Митев, Шириќ, Костадимовски, Ристов, Постолов, Шаренкоски, Андонов, Травали, Стојанов, Рифадов, Терзиќ. Тренер: Панче Стојанов.
ФАВ АЦ: Закановиќ, Циез, Митичевиќ, Сопо, Китановски, Фреуд, Јапин, Марковиќ, Размоски, Густаво, Доморонд. Играа уште: Шминцериоп, Сехаи, Мохасини, Младеновиќ, Абдул, Кочак, Оздемир, Пајашавили. Тренер: Илчо Наумоски.

За Брера беше прв пријателски меч, за Фав АЦ втор.
За денеска до крајот на денов најавуваме објавување на порталов две видеа – разговор со Илчо Наумоски и обраќање кон јавноста на двајца приврзаници на ФК Победа – Дејви Спиркоски и Роберт Паноски.