Новиот второлигаш Големо Коњари вчера имаше старт на подготовките за претстојното првенство. На првиот собир, пред раководството, предводено од Тони Даноски, Стручниот штаб со Јовица Блажески и Горан Касниоски, беа дваесетина играчи. Од новите се појавија: Валентин Белески (Питу Гули, Крушево), Антонио Шемкоски (Победа, Прилеп), Бојан Јовески (Питу Гули), Симон Николоски (Победа, Прилеп), Филип Станојоски (Слога, Лажани). Тие што отсуствуваа најавиле приклучок за денеска, а деновиве се очекува доаѓање и на Зоран Даноски (Брегалница, Штип).


Во врска со пријателските мечеви, првиот е на 24 јули со Победа од Валандово, вториот на 27 јули со Евротип од Битола. Двата ќе се одиграат во Големо Коњари.

Клубот со поддршка на месното население, компании и поединци цело лето работи на дотерување на игралиштето каде треба да настапува како домаќин во претстојната сезона од Втората лига.