Многу публика денеска се очекува околу теренот со вештачка трева во Прилеп (кај населбата „Типски куќи“), а причина се два меча, од 14 и од 16 часот.
Прво, од 14 часот, е дуелот Братство Големо Коњари – Прилеп сити, борба за место во Општинската А-лига на ОФС Прилеп. Осмиот од Општинската квалитетна А-лига игра против вториот од Општинската Б-лига на ОФС Прилеп. Победникот има место во А-лигата, поразениот во Б-лигата. Судиите се искусни, докажани, квалитетни, гаранција за највисоко ниво делење правда – Филип Боцески, Марјан Смилкоски и Кире Кулески, а контролор е Жарко Ѓорески.
Веднаш потоа, во 17 часот, на истиот терен е дуелот Ултрас (Прилеп) – Питу Гули (Крушево), од 25. коло на Третата лига – Југ. Се среќаваат четвртиот и петтиот на табелата, тимови каде разликата е само 1 бод.
ДВОЈКИ ЗА ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ: Ултрас – Питу Гули, Башкими – Превалец, Борец – Младост Кривогаштани, Тополка – Бучин и Влазними јуниор – Росоман.
ТАБЕЛА: Борец 58, Превалец 52, Венец 46, Ултрас 36, Питу Гули 35, Башкими 31, Росоман 27, Млекар 24, Влазними ј. 23, Младост 21, Бучин 18, Тополка 17, Дреново 1.
АКЦИЈА ЗА ХУМАНОСТ НА 12 МАЈ (ВТОРНИК) ОД 20 ЧАСОТ
Карти може да набавите од билетарата на НУЦК Марко Цепенков
Во животот човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце. Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи зависи од нас. На 12.05.2026г во ДОМ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ со почеток во 20:00 часот. Дојдете, покажете ја вашата големина, покажете дека заедно можеме нешто, нешто што предизвикува насмевка, нешто што СПАСУВА живот.
ЗА МОНИКА!!! Ве очекуваме
#ЈасСумХуманБидиИТи!
