Фудбалскиот клуб Победа иако се смета дека е во најтешкиот период од своето постоење, од утре, 28 февруари (сабота) до 3 март (вторник) го очекува борба со повеќе свои екипи во различни возрасни категории. За само 4 дена најавено е појавување на името Победа на 6 фронта.
Еве го распоредот за 28 февруари, сабота:
Од 10 часот, во 14.коло од Втората помлада пионерска лига на Македонија, во Џепчиште, Тетовско, се игра мечот Ренова – Победа. Ренова е осма со 15 бода, Победа трета со 26. Од 12 часот, во 14. коло од Втората пионерска лига на Македонија, исто во Џепчиште, Тетовско, играат истоимени ривали, Ренова – Победа. Ренова е осма со 13 бода, Победа деветта со 11. Од 14 часот, во 17. коло од сениорската Втора лига на Македонија, во Каменица се игра дуелот Саса – Победа. Саса е единаесетта со 17 бода, Победа тринаесетта со 11.
Распоред за 1 март, недела:
Од 10 часот, во 14. коло на Втората кадетска лига на Македонија, на игралиштето со вештачка трева во Прилеп, се игра дуелот Победа – Ренова. Победа е четврта со 25 бода, Ренова седма со 14. Од 12 часот, во 14. коло на Втората младинска лига на Македонија, на истото игралиште со вешташка трева во Прилеп, следи дуелот на истоимени ривали Победа – Ренова. Победа е петта со 23 бода, Ренова осма со 12.
На 3 март, вторник:
Од 14 часот, во 18. коло од сениорската Втора лига на Македонија, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се игра дуелот Победа –Преспа од Ресен. Победа е тринаесетта со 11 бода, Преспа четиринаесетта со 9, но претходното коло, утрешно, може да донесе промени.
Сениорите се појавуваат вторпат и третпат пролетва, а помладите пионери, пионерите, кадетите и младинците првпат.