Фудбал

РИКАЛОСКИ: НЕ Е ВИСТИНА ОТИ ОПШТИНА ПРИЛЕП НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ПОБЕДА И ДЕКА НЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ИЗЛЕЗ!

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на тема Фудбалскиот клуб Победа. На јавноста и се обрати Златко Рикалоски, советник во Советот на Општина Прилеп. Подолу обраќањето го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Денеска нема да зборуваме „само за спорт“. Ќе зборуваме за симболот на Прилеп, ФК Победа, со факти и докази.

Во време кога локалната самоуправа беше предводена од СДСМ, тогашната власт во 2019 година, уверуваше дека преземањето од Општината е „чекор за спас“ и дека ќе следува инвеститор, стабилизација и развој. Денес гледаме што остана од тие ветувања, финансиски хаос и кадровски распад.

Ние во тоа време како опозиција предупредувавме дека моделот што го туркаат е ризичен и нетранспарентен. Денес, за жал, времето покажа дека бевме во право.

Прашањето е едноставно:

Зошто, и покрај предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ управувањето на Акционерското друштво ФК Победа беше препуштено на неадекватни и некомпетентни лица, без јасни механизми на контрола и менаџирање со клубот. Кој гарантираше за нив? И врз основа на што?

Дополнително, во јавноста сега со право се поставуваат прашања за однесувањето на одредени советници кои денес глумат загриженост, а истовремено се поврзуваат со судски постапки во минатото и побарувања кон клубот.

Прашуваме, доколку ваква постапка е во тек, дали тужбата ќе биде повлечена поради љубов кон Победа или ќе преовладува финансискиот и личниот интерес?

Да ги расчистиме лагите.

Невистинити се тврдењата дека Општина Прилеп не се грижи за Победа и дека не бара решение за излез од оваа состојба во која се наоѓа фудбалскиот симбол на Прилеп!

Од 2018 година Општина Прилеп до денес исплатила:

– 4.400.000 денари за струја,

– 8.800.000 денари за вода и поправки,

– над 12.000.000 денари директна финансиска поддршка преку јавни повици, дополнително на ова и редовното одржување на стадионот и инфраструктурата.

Ова се факти и реални бројки.

Општината не ја оставила Победа. Некој друг ја доведе во оваа состојба, токму оние на кои СДСМ им ја препушти без сериозна контрола. Доста е од манипулации! Доста е и од обиди за собирање ситни политички поени на грбот на Победа.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи симболот на градот да биде жртва на туѓи политички експерименти. Имаме јасен план за стабилизација. ФК Победа ќе се консолидира и ќе се врати каде што припаѓа, во врвот на македонскиот фудбал. Одговорност мора да има! Доколку има финансиски пропусти и нерегуларности во работењето или било какви манипулации и злоупотреба со финансиите, секој што се огрешил ќе одговара.

Политиката е минлива.

Победа е вечна!

Победа нема да згасне!

Затоа, сега не е време за собирање ситнополитички поени, сега е време за заедништво, за поддршка, за верба и доверба!“, се зборовите на Златко Рикалоски.

Од категоријата

(резултати, стрелци, табели) ПИОНЕРИТЕ НА ПОБЕДА ЈА ИСКИНАА МРЕЖАТА ВО СТРУМИЦА!

Зоран Иге

ВО НЕГОТИНО ВО 70. МИНУТА Е ОЗНАЧЕН КРАЈ!

Зоран Иге

ПОБЕДА Е СО ВТОР НАЈДОБАР НАПАД И СО ПРВ СТРЕЛЕЦ ВО ВТОРАТА  ЛИГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион