Фудбал

ПОБЕДА Е СО ВТОР НАЈДОБАР НАПАД И СО ПРВ СТРЕЛЕЦ ВО ВТОРАТА  ЛИГА!

Ова 10. место за Победа на табелата од Втората фудбалска лига на Македонија според многумина прилепчани, добри познавачи на фудбалот, не е реален одраз на квалитетот на младиот прилепски тим. Според нив, тимот има вредност многу повисока, за пласман веднаш до најдобрите три-четири тима. Дека овие мислења имаат основа покажува статистиката по одиграните 11 есенски кола во врска со постигнатите голови. Според бројките, Победа со 19 гола е на делба на второто место со Македонија ЃП и Башкими, а само Арсими има гол повеќе – 20.

Тимот Победа не само што има одличен напад, туку го има моментно и најдобриот стрелец во Втората лига, Никола Талески. Ова 19-годишно момче постигна 10 гола, два повеќе од вториот Симеон Христов (Македонија ЃП) и три повеќе од Дарко Грозданоски (Кожуф) и Андреј Симевски (Саса). Еве како изгледа листата стрелци во Победа: 10 Никола Талески, 3 Давид Јошески,1 Дамјан Ангелковски, Давид Дебрешлиоски, Ивица Трајкоски, Христијан Кукески, Дарио Спиркоски, а уште еден гол е всушност автогол на противникот.

Следниот меч за продолжување во овој правец е Осогово – Победа во Кочани, в недела.

Од категоријата

ПРВОТО И ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НАСТАПУВА ПОБЕДА

Зоран Иге

КАДЕТСКО БИТОЛСКО-ПРИЛЕПСКО РЕМИ!

Зоран Иге

КОЈ ЌЕ БИДЕ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе