Ракомет

ДВЕ ПОБЕДИ ВО ЕДЕН ДЕН НА ПРИЛЕПСКИТЕ ЕКИПИ!

Ретко се случува во последно време, како што беше вчера: двете прилепски ракометни екипи – и женската и машката, постигнаа победи. Во Супер лигата на Македонија за жени, В-група, во 7. коло, Спартак – Деспина 23:27. Во салата „Круме Кепески“ во Скопје прилепскиот тим водеше уште на полувремето, со 11:9. Стрелци: Зорица Андовска 11, Ангела Гроздановска 6 (Спартак), Сања Цветкоска, Евгенија Цаневска и Андреа Конеска по 5 гола (Деспина).

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 14, Вардар 8, Деспина 6, Спартак 4, Шампион 0.

СЛЕДНО 8. КОЛО (6 ноември): Деспина – Шампион.

Во 9. коло од Супер лигата на Македонија за мажи, Прилеп – Бисинов 33:27. Очекувана убедлива победа на прилепската екипа, иако на полувремето беше само гол разлика, 17:16. Стрелци: Никола Цветаноски и Давид Трајкоски по 6, Томислав Квастек со 5 (Прилеп), Тоше Ончев со 9, Ивица Илиев со 6, Марко Трајковски и Никола Димитров по 5 гола (Бисинов).

ТАБЕЛА: Алкалоид 20, Вардар 18, Еурофарм Пелистер и Охрид 16, Бутел 10, Тиквеш и Прилеп 9, Пролет 8, Куманово и Струга 4, Бисинов 3, Радовиш 1.

СЛЕДНО 10. КОЛО (17 ноември): Еурофарм Пелистер – Прилеп.

Од категоријата

ДЕСПИНА ГО СОВЛАДА СКОПЈЕ

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНКИТЕ ОД МИНУС ТРИ ДО ПЛУС ЧЕТИРИ!

Зоран Иге

ПО 84 ДЕНА ПАУЗА, ДЕНЕСКА ИГРААТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе