Салата од ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп ќе биде до максимум со спортски настани викендов. Најавени се пинг-понг и кошарка.
Прво е пинг-понгот, конкретно Петтиот меѓународен меморијален турнир „Илија Карески – Каре“, чии организатори се Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“, Пингпонгарската федерација на Македонија, со поддршка на Општина Прилеп. Еве го распоредот на натпреварите,
Денеска (сабота, 28 февруари)
9 часот: млади кадети и кадетки родени 2013 и подоцна,
јуниори и јуниорки родени 2007 година и подоцна,
11 часот: млади кадети и кадетки родени 2011 и подоцна,
апсолутна категорија до 1/8-финале,
Утре (недела, 1 март)
9 часот: апсолутна категорија финални натпревари,
ветерани 40-49 години,
ветерани 50-64 години,
ветерани 65+.
По завршувањето на пингпонгарските возбудувања, вниманието во истата сала се насочува кон кошарката. Вечерта од 20 часот е дуелот Мега баскет – Струмица, во 3. коло од плејофот (Топ 8) од Првата лига на Македонија. Другите двојки се: Вардар – Борец баскет, Водно санс – Соколи, Охрид – Бутел.
Табела: Бутел, Струмица, Соколи и Борец баскет по 13, Мега баскет и Вардар по 12, Водно санс и Охрид по 10.