Екипата на Победа ја продолжува серијата пријателски натпревари, во рамките на подготовките за пролетниот дел од фудбалската Прва лига на Македонија. Следниот, петти пријателски меч е закажан за вторник, во Белград. Противник на прилепскиот состав ќе биде Вождовац, членот на најсилната српска лига – Супер лигата. Вождовац по денешната победа со 1:0 во Крагујевац над Раднички, е на високото 5. место од табелата.
Претходно Победа се сретна со Шкупи, Феризај, Охрид и Воска.