Фудбалскиот клуб Победа останува феномен. И кога е највисоко издигнат и кога е на најниско ниво, кога е во најголема криза, неговите симпатизери, навивачи, сите оние што го сакаат, а такви се се уште во огромен број, секојдневно се интересираат и за најситните детали. Така беше и кога се учествуваше на европската сцена, така беше и во третолигашкиот ранг, така е и сега. Прашуваат за организацискиот дел, за финансиите, за долговите, за промените во преодниот рок, за тренерскиот и играчкиот кадар, за стадионот… Прашања безброј. Прашуваат и чекаат одговори во медиумите.
А медиумите најдобро е да се потпираат само на официјални, службени информации. Досега се знае дека новиот УО беше формиран на 24 април, дојдени во преодниот рок веројатно нема, заминати се Иван Николоски, Јусуф Каба и Метин Ќерими, подготовките се планира да почнат околу 10 јули…
Според ова, наскоро најдобро е да има прес-конференција на која од клубот ќе информираат за се што се случува, а е од интерес за јавноста.