Колку и да напредуваат прилепските ракометни, одбојкарски, кошаркарски и други клубови што играат во затворен простор, се е попусто ако нивните тренинзи и натпревари се во училишни сали. За вистински квалитетен спорт неопходна е сала каква што е Универзалната, сала којашто е тема за која се зборува повеќе години меѓу прилепските спортисти и љубители на спортот.
Околу тоа што е најново, што е направено, што се прави и што треба да се направи за овој објект по подолго време да се пушти во употреба, разговараме со компетентно лице, Марјан Стефановски, генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Република Македонија. Разговорот, во кој очигледна е пораката „подобро побавно и посигурно отколку побрзо и поризично, имајќи ја предвид трагедијата во Кочани“ е подолу на линкот:
ВИДЕО/АУДИО