Уште една пријатна вест од новиот второлигаш, Фудбалскиот клуб Големо Коњари. Нов играч е Зоран Даноски – Шукер, напаѓачот со долга, пребогата кариера. Почна во Големо Коњари, а извесно е дека ќе заврши во Големо Коњари, ако се знае дека наесен ќе наполни 35 години. Тој ќе биде од голема помош за тимот во борбата за опстанок во Втората лига.
Даноски (има играно и во Победа, Брегалница, Металург, Тиквеш, Кожуф, во Чешка, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина) е првото засилување, а скоро во Големо Коњари се очекува да дојде Валентин Белески, како и уште неколкумина млади од Македонски Брод, од каде е новиот тренер Јовица Блажески.
Тренинзите почнуваат на 13 јули, а второлигашкото првенство на 23 август.